20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPeugeot отпушта повеќе од 2.000 лица: „Тоа е скандал“

Peugeot отпушта повеќе од 2.000 лица: „Тоа е скандал“

5962619035805ef8ae4248863434980_w640

Францускиот производител на автомобили „Peugeot“ планира да укине повеќе од 2.000 работни места преку предвремено пензионирање или доброволно заминување со отпремнина.

Откако во 2014 година успеа да се врати од работ на банкрот со помош на државата, „PSA“ вети дека ќе ги намали трошоците за работната сила, залихите и производствените линии на модели со цел повторно да стане профитабилен, потсетува Ројтерс.

Во интерен документ управата наведува дека мораат да бидат „внимателни“ поради неизвесноста која ја генерираше Брегзит и поради падот на продажбата на дизел возилата, пренесува Франс прес.

„Peugeot“ планира да укине 2.133 работни места во Франција, јавува Франс прес.

„PSA подготвува четврт круг на укинување на работните места. Тоа е вистински скандал“, изјави еден од членовите на синдикатот во PSA.

Во последно време ситуацијата во компанијата се подобри, за што сведочи рекордната добивка во првото полугодие, а порачаа и дека размислуваат за исплата на дивиденда за 2016 година, потсетува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП