27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ: Само во Хрватска нема напредок во вработувањето

ЕУ: Само во Хрватска нема напредок во вработувањето

nezaposlenost2_177933209

Хрватска е единствена земја во ЕУ во која не е зголемена вработеноста, наведува европската комисија.

Новите податоци покажуваат дека вработеноста во Унијата го надминала нивото од 2008 година, кога светот беше стресен од глобалната финансиска криза.

Во кварталниот извештај за вработеноста и социјалната ситуација во внатрешноста на ЕУ, се наведува дека во вториот квартал вработеноста била поголема за 1,4 проценти, односно за 3,2 милиони вработени.

Во еврозоната вработеноста е поголема за 1,5 проценти, односно за 2,2 милиони.

Единствена држава во која вработеноста во истиот период опаднала е Хрватска – за 0,1 проценти, додека во Финска таа стагнира.

Кога станува збор за невработеноста, таа во моментов во ЕУ изнесува 8,6 проценти, то е најнискиот процент од март 2009 година.

Невработеноста опаднала во 24 земји-членки на ЕУ, а долготрајната невработеност се намалила во однос на првиот квартал оваа година и сега изнеусва 4,2 проценти од вкупната работна сила.

Невработеноста на младите во ЕУ, исто така, е намалена на 18,6 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП