6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRyanair ја намали прогнозата за добивката

Ryanair ја намали прогнозата за добивката

ryanair-aircraft-(12)

Ирскиот нискотарифен авио превозник Ryanair ја намали прогнозата за добивка за цела година на пет отсто, заради слабеење на вредноста на фунтата, наведувајќи дека просечната цена на превоз по патник може да падне и до 15 отсто оваа зима.

„ Ryanair заработува околу третина од своите приходи во фунти, додека трошоците на компанијата во британска валута изнесуваат околу 20 отсто“, рекоа од компанијата.

Најголемата европска нискотарифна авио компанија наведе дека очекува нето добивката за фискалната година која завршува на 31 март да изнесува меѓу 1,3 милијарди евра и 1,35 милијарди евра, во однос на порано предвидените 1,38 милијарди до 1,43 милијарди евра.

Конкурентската компанија easyJet, чија половина од приходите потекнува од патници во Велика Британија, веќе ја намали својата прогноза за добивка за деловната година, која заврши на 30 септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП