28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧовекот кој ја создаде ЕУ валутата: Еврото само што не се распаднало

Човекот кој ја создаде ЕУ валутата: Еврото само што не се распаднало

8671265865804fbcb0f256216145864_w640

Според неговото мислење, ЕЦБ направила фатална грешка кога се согласила да ги извлекува државите во банкрот како Грција и Ирска. Подобро решение би било да се избрка Грција од еврозоната и да и се даде голема поддршка oткако таа ќе ја обнови стабилноста на драхмата.

Проектот за заедничката европска валута е неодржлив во сегашната форма и само што не пропаднал, предупредува нејзиниот главен архитект.

Професорот Отмар Исинг, првиот главен економист на Европската централна банка, предупреди дека еврото не може да преживее во ваква верзија, како и дека ЕЦБ станала опасно напрегната во обидот да управува со 19-те различни економии кои ја користат заедничката валута.

Тој го спореди овој систем со „куќа од карти“ која „еден ден само ќе се распадне“, пренесува Индепендент.

Според неговото мислење, ЕЦБ направила фатална грешка кога се согласила да ги извлекува државите во банкрот како Грција и Ирска. Подобро решение ќе беше да ја избрка Грција од еврозоната и да и пружи великодушна поддршка откако таа ќе ја обнови стабилноста на драхмата.

„Пактот за стабилност и раст пропадна, помалку или повеќе. Интервенциите на ЕЦБ ја елиминираа пазарната дисциплина. Затоа нема фискален контролен механизам ниту од страна на пазарите ниту од страна на политиката. Па затоа мислам дека постојат сите предуслови за катастрофа на монетарната унија“, смета Исинг.

Песимистичниот заклучок на професорот Исинг е дека нема решение за проблемите на монетарната унија без формирање на политичка унија, што е малку веројатно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП