4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајголемите американски банки со добивка поголема од очекуваното

Најголемите американски банки со добивка поголема од очекуваното

us-3355

Најголемите американски банки JPMorgan Chase, Citigroup и Wells Fargo, во третиот квартал остварија резултати над очекувањата на аналитичарите, иако на годишно ниво бележат пад.

На солидните резултати во главно влијаеја секторите на инвестициското банкарство, а посебно тргувањето со хартии од вредност со фиксен принос.

JPMorgan оствари приходи од 24,67 милијарди УСД, што е 8,3 отсто повеќе во однос на истиот период лани. Но, остварен е пад на добивката седум отсто на 6,29 милијарди УСД.

Очекуваната добивка по акција беше на ниво од 1,39 УСД, додека објавата беше за 1,58 УСД.

Citigroup бележи пад на приходите пет отсто на 17,76 милијарди УСД, додека добивката ослабела 11 отсто на 3,84 милијарди УСД. И во случајот на оваа банка очекувањата на добивка по акција биле на пониско ниво. Остварени се 1,24 УСД, додека беа очекувани 1,16 УСД по акција.

Wells Fargo, која се соочува со скандал по повод отворањето на лажните сметки на клиенти заради што најверојатно ќе бидат казнети до 185 милиони УСД, објави раст на приходите од 2,1 отсто, на 22,33 милијарди УСД, додека добивката изнесувала 5,64 милијарди УСД, 2,7 отсто под минатогодишната.

Аналитичарите за Wells Fargo прогнозирале заработка по акција од 1,02 УСД, додека објавено беше 1,03 УСД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП