Сообраќајот на сите патни правци низ државата се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Од Авто-мото сојузот на Македонија известуваат дека вечерва од 21 до 22 часот ќе се изврши привремено затворање на тунелот Демир Капија на патот А1, делница Демир Капија – Гевгелија за сите категории на возила, поради извршување на активности за изградба на јавен пат за време на инспекција за безбедност на патишта – инспекција на тунел Демир Капија.