15 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНајголемата германска книжевна награда за роман за бегалската криза

Најголемата германска книжевна награда за роман за бегалската криза

%d0%b1%d0%be%d0%b4%d0%be11

Писателот Бодо Кирхоф е добитник на годинешната германска книжевна награда за неговиот роман „Widerfahrnis“, љубовна приказна сместена во центарот на европската бегалска криза, објави во понеделникот вечерта германското здружени на издавачи и книжарници.

Наградата во износ од 25.000 евра се доделува за најдобро книжевно дело напишано на германски јазик. Традиционално, таа се доделува вечерта во пресрет на отворањето на реномираниот Франкфуртски саем на книгите.

Шеесет и осумгодишниот Бодо Кирхоф во романот го опишува патувањето на пензиониран издавач на книги и поранешна сопственичка на продавница за шапки кој заедно патуваат кон југот на Италија каде се соочуваат со бегалската криза.

„Станува збор за сложен текст во кој на мајсторски начин се испреплетуваат егзистенцијалните лични и политички прашаа“, заклучува седумчленото жири кое ја доделува наградата.

Минатата година лауреат на ова признание беше Франк Витцел чијашто книга го опишува животот во поранешната Западна Германија виден низ очите на еден тринаесетгодишник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП