Со вкупен промет од 8.1 милиони денари на Македонската берза, на првиот трговски ден од новата седмица индексот МБИ10 порасна за 0,28 отсто.
Во вкупниот промет обврзниците имаa релативно мало учество, што, пак, претставува еден позитивен сигнал за акциите.
Во понеделникот доминираа акциите на Комерцијална Банка и Стопанска Банка Скопје.
Значително поголем беше бројот на добитниците во однос на губитниците.
Акцијата на Агролозар од Хамзали Струмица се најде на врвот на добитничката листа со пораст за цели 1.531,58 отсто. Покрај оваа хартија на оваа листа се најдоа Пекабеско, Уни банка и акциите на Топлификација АД.
Релативно голем беше интересот и за акциите на Стопанска Банка Скопје каде што се истргуваа натпросечни 2.480 акции по просечна цена од 593,42 денари.