28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемениот број црпења во САД ги сопре цените на нафтата над 52...

Зголемениот број црпења во САД ги сопре цените на нафтата над 52 долари

%d1%86%d1%80%d0%bf%d0%b5%d0%bd%d1%98%d0%b5-%d0%bd%d0%b0%d1%84%d1%82%d0%b0

Зголемениот број места за црпење нафта во САД ги закочи цените на нафтата на меѓународните пазари над нивото од 52 долари за барел, кои поддршката ја очекуваа од можноста дека Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) следниот месец ќе го ограничи производството.

На лондонскиот пазар цената на барелот остана речиси непроменета во однос на затворањето на тргувањето во петокот и изнесуваше 52,18 долари. Позначителни промени во цените немаше ниту на американскиот пазар, каде што со барелот се тргуваше по 50,46 долари.

Одвоено OPEC во понеделникот објави дека референтната цена на барел кошница негова нафта во петокот изнесувала 48,63 долари, што значи дека пораснала за 56 центи во однос на претходниот ден од тргувањето.

На почетокот од новата седмица пазарот го подржуваа очекувањата дека членките на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) на официјалниот состанок во седиштето во австриската престолнина Виена кон крајот на ноември ќе преземат мерки за заштита на цените на нафтата, сметаат аналитичарите.

„Пред состанокот на OPEC, закажан за 30-ти ноември, многу е тешко да се продава нафта на лондонскиот пазар под цената од 50 долари за барел“, толкува Бјарне Шиелдроп од SEB. Потсетува дека водечкиот производител од картелот, Саудиска Арабија, испрати многу јасна порака за ограничување на производството и поддршка на цените. Позначаен раст на цените беше сопрен од, сепак, прекумерното снабдување на физичкиот пазар на сировата нафта, додава.

OPEC во септември произведуваше рекордни 33,6 милиони барели сирова нафта дневно, а некои членки планираат и дополнително да го зголемат производството.

Нигерија, така, очекува дека нејзиното производство на сирова нафта ќе порасне до крајот на декември за 22 отсто, на 2,2 милиони барели дневно, изјави министерот Емануел Ибе Качикву. И либиското производство постојано расте и во минатата седмица достигна 551.000 барели дневно.

Тег за пазарите во понеделникот беше податокот од специјализираната советодавна компанија „Baker Hughes“ за зголемувањето на бројката на активните црпилишта на нафта во САД минатата седмица, 16-та седмица по ред. Тоа навестува продолжување на нагорниот пред на производството, истакнува Reuters.

Цените на нафтата ги притисна и посилниот американски долар, следејќи ги очекувањата дека американската централна банка Federal Reserve (Fed) до крајот на годинава ќе ги подигне клучните каматни стапки. Американската валута, така, во понеделникот го достигна највисокото ниво во однос на кошницата главни валути во последните седум месеци./

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП