27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндустриското производство во САД повторно бележи раст

Индустриското производство во САД повторно бележи раст

usindu-00

Индустриското производство во САД забележа раст по трет пат во последните четири месеци благодарение на производството на стока за широка потрошувачка и градежни материјали, соопштува „Bloomberg“ и коментира дека тоа е знак за закрепнување по долг период на слабост.

Производството во фабриките кои формираат 75% од секторот, забележаа раст од 0,2% на месечна основа во септември, откако во август се намали за 0,5 отсто, покажуваат податоците на Федералните резерви. Прогнозата на економистите анкетирани од „Bloomberg“, беше за раст од 0,1 отсто. Широкиот индекс, кој вклучува и рударството и компаниите за комунални услуги, порасна за 0,1 отсто.

„Некои од основните фактори почнуваат да се подобруваат“, вели Рајан Суит, виш економист во „Moody’s Analytics“.

usindu-01

Последните резултати одговараат на анкетата на Институтот за управување со понудата (ISM). Се покажа дека индустриското производство се забрзува со умерена темпо во септември, откако неочекувано се намали во претходниот месец.

„Bloomberg“ наведува дека индустриското производство генерира околу 12% од БДП-то на САД.

Производството во рударството, кое вклучува и експлоатацијата на нафта, се зголемува за 0,4%, одразувајќи на стабилизирањето на цените на нафтата и другите суровини.

На годишна основа индустриското производство во САД се намалува за 1%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП