19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОколу 36 кубика кабаст отпад собрани во Кисела Вода

Околу 36 кубика кабаст отпад собрани во Кисела Вода

otpad

Околу 36 кубика кабаст отпад беа собрани викендов на територијата на Општина Кисела Вода.

Со реализицијата на активностите за собирање на кабаст отпад, на жителите на општина Кисела Вода по четврти пат оваа година им беше овозможено да се ослободат од стариот и неупотреблив мебел, предмети за домаќинство, електрични апарати и други предмети.

Општина Кисела Вода апелира до граѓаните да го почитуваат Законот за јавна чистота и со своето однесување да придонесат за здрава и чиста животна средина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП