27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во еврозоната одговори на очекувањата

Инфлацијата во еврозоната одговори на очекувањата

oeu-99

Инфлацијата во еврозоната целосно ги исполни очекувањата, а со тоа прашањата околу можните решенија на Европската централна банка (ЕЦБ) остануваат присутни во полна сила.

Индексот на потрошувачките цени за септември бележи раст од 0,4% на годишна и на месечна основа – во склад со очекувањата на економистите и аналитичарите кои го следат движењето на цените во Европската монетарна унија.

И додека на годишна основа се задржува вредноста на инфлацијата од август, на месечна имаме сериозно раздвижување, бидејќи во август индексот на потрошувачките цени во еврозоната забележа раст од 0,1%. Месец подоцна стануваме сведоци на раст од 0,4 отсто во однос на август. Така еврозоната ја генерира највисоката инфлација од октомври 2014-та година, пресметува „TradingEconomics“.

Основната инфлација исто одговори на прогнозите, останувајќи на ниво од 0,8% во деветтиот месец од годината.

Иако има раздвижување во индикаторот на месечна основа, сепак инфлацијата во еврозоната останува далеку под целта на ЕЦБ – 2%.

oeu-98

Марио Драги ќе треба да направи дополнителен чекор во насока зголемување на стимулите пред да може да размисли за нивно постепено отстранување, сметаат економистите.

Додека потрошувачките цени речиси не бележат раст, а обновата се уште е кревка, мнозинството економисти анкетирани од „Bloomberg“, предвидуваат дека Гувернерот на Европската централна банка (ЕЦБ), најверојатно ќе го продолжи рокот на програмата за откуп на средства.

Поверојатно е тоа одлука да биде донесена во декември, а не на претстојната седница на ЕЦБ која е закажана за во четврток. Очекувањата се времетраењето на програмата да биде продолжено барем до втората половина на 2017-та година, додека според утврдениот во моментов план таа треба да заврши кон крајот на март 2017-та година.

Дури и во втората половина на 2017-та година, сепак, програмата ќе биде избришана само ако инфлацијата во еврозоната надмине 1,5%, сметаат економистите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП