11 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЛушпата од јајцето е вистинско богатство: Кога ќе дознаете зошто, никогаш повеќе...

Лушпата од јајцето е вистинско богатство: Кога ќе дознаете зошто, никогаш повеќе нема да ја фрлите! (видео)

jajce

Знаеме дека јајцата се хранливи, а освен тоа се полни и со витамини и минерали, како витаминот А и Б12 или калциумот и цинкот. Меѓутоа, едно исклучително хранливо нешто кај нив дефинитивно не го искористуваме!

Дали сте знаеле дека калциумот сочинува околу 90 проценти од лушпата на јајцето? Одличен е за коските, мускулите и забите, а препорачливо е за возрасните меѓу 19 и 50 години дневно да внесуваат околу 1.000 милиграма калциум, а одличен извор на калциум, како што рековме, е лушпата на јајцето.

Меѓутоа, пред да започнете да ги употребувате, треба да знаете дека најпрвин ќе мора да ги провриете едно десетина минути, за да ги уништите сите бактерии. А ако и понатаму не сте уверени во нивната исправност, ставете ги во рерна на 175 степени 15 минути, при што потоа може да бидете целосно уверени дека се сосема чисти од бактерии.

Кога сето тоа ќе го направите, сомелете ги во фин прав и сместете го во херметички затворен сад. Потоа, додадете ги во јдењата по избор – само половина лажичка ќе биде доволна за препорачаниот дневен внес на калциум.

Како ви се допаѓа овој предлог?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП