19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНовак: Инфраструктурата на „Турски поток“ треба да е подготвена до 2019-та

Новак: Инфраструктурата на „Турски поток“ треба да е подготвена до 2019-та

potokot-turski3

Инфраструктурата за гасоводот „Турски поток“ треба да биде изградена до крајот на 2019-та година, изјави рускиот министер за енергетика Александар Новак, цитиран од агенциите.

Тој објасни дека во согласност со потпишаниот меѓувладин договор за изградба на гасоводната инфраструктура на дното на Црното Море од Русија до Турција рокот за спроведување на проектот е декември 2019-та година.

Новак е во составот на делегацијата, на чело со рускиот претседател Владимир Путин, за учество на самитот на „БРИКС“ во индиското одморалиште Бенолим, во државата Гоа.

Министерот го утврди проектот за изградба на гасоводот во Индија како „остварлив“, но додаде дека се потребни уште студии. Веќе е формирана работна група на ниво на министри за разгледување на можностите за изградба.

Според Новак во подземните складишта на Украина нема доволно гас за да одговорат нормално за зимата. Тој тврди дека е потребно да се додадат уште 2 милијарди кубни метри сино гориво.

Ако Украина може да плати, Русија е подготвена да и ги достави потребните количини гас, коментира Новак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП