28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТри мапи кои покажуваат каква е всушност економијата на САД

Три мапи кои покажуваат каква е всушност економијата на САД

%d0%b0%d0%bc%d0%b51

Соединетите Американски Држави се географски голема земја, а населението е нерамномерно распределено.

Поради тоа производството и иновациите се концентрирани во одредени делови од земјата, додека останатите се рурални.

Трите прикажани мапи на „American Enerprise Institute“ помагаат поблиску да се прикаже 18 илјади милијарди долари вредната американска економија.

„Visual Capitalist“ ни претставува споредба на американскиот БДП со други земји.

Ниту тоа не донесува комплетна слика, па така третата мапа покажува кои делови на САД се носители на економијата.

1. САД поделен на држави со сличен БДП

%d0%b0%d0%bc%d0%b52

Првата мапа покажува 7 „мега држави“ од кои секоја има поединечна големина на економијата како седум големи светски држави. Калифорнија, на пример, има економија со големина на Франција. Целиот северо-источен дел има економија со големина на Јапонија итн.

2. Метрополски подрачја како држави

%d0%b0%d0%bc%d0%b53

Метрополските подрачјата се подрачја со густо населени урбани јадра и поретко населени околни подрачја, а во овие 20 на горната мапа се одвива економска активност како активноста во 20 светски држави. На пример подрачјето на градот Аризона има слична економија како Португалија. Коридорот од Њујорк до Вашингтон економски е голем како Канада, Иран, Чешка и Шведска заедно.

3. Американската економија поделена на половина

%d0%b0%d0%bc%d0%b54

Оваа карта ја покажува американската економија поделена на половина – со темно сината боја се означени метро подрачјата кои сочинуваат половина од американската економија од 18 илјади милијарди долари. Другата половина со светло сина боја која просторно е значително поголема, вклучува илјадници рурални подрачја, села и градови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП