6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНема заинтересирани за купување на Twitter

Нема заинтересирани за купување на Twitter

twitter-trading-begins-2

Twitter, и покрај интересот на неколку големи компании и натаму чека купувач.

Медиумите неодамна пишуваа дека компаниите како Disney, Google и Salesforce се потенцијални купувачи, но подоцнежните извештаи говореа дека Disney и Google се откажале, а Salesforce остана единствената заинтересирана страна.

Едно време дури и Microsoft се споменуваше како потенцијален купувач, но со падот на интересот на потенцијалните купувачи, акциите на Twitter паднале повеќе од 14 отсто.

Набрзо потоа и Salesforce се откажа од купување, па сега нема заинтересирани што би го купиле Twitter.

Од Twitter порачаа дека наскоро ќе се фокусираат на видео содржини, но и некои краткорочни решенија како што се продажба на средства за кои се смета дека немаат централна улога во нивното работење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП