13 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложбата „Набљудување без набљудувач“ во Чифте амам

Изложбата „Набљудување без набљудувач“ во Чифте амам

nabljuduvanje3344

Во понеделник, во 19 часот, Чифте амам, Скопје ќе се отвори Меѓународната групна изложба „Набљудување без набљудувач“, поставка составена од дела во коишто како мотив и „објект“ се појавува присуството на човекот, телото, фигурата и телесноста, и нивните „модификации“ од аспект на уметнички промислувања и авторски перцепции.

Самите дела, освен субјективниот контекст, ги изразуваат и социо-културолошките актуелности/опкружувања од кои овие „теми“ се извлекуваат и креираат

„Тематската“ определеност на изложбата е на кураторите Дејан Буѓевац и Мира Гаќина, а поставката ја сочинуваат остварувања реализирани во последните години од страна на авторите: Мирна Арсовска (Македонија), Велимир Жерновски (Македонија), Ино Зељак (Хрватска), Верица Ковачевска (Македонија/Швајцарија), Јулија Кран (Германија/Италија), Тијана Луковиќ (Србија), Марија Ќалиќ (Србија) и Горан Шкофиќ (Хрватска).

Иако сосема различни по својот визуелен, естетски, поетски и ликовен јазик, изборот на изложените дела укажува на одредени заеднички нешта, а тоа е пред се, уметничкиот однос кон телото/фигурата како сложен сетилен и флуиден механизам испреплетен од различни сензации, перцепции, афекти и мненија, коишто никогаш не можат да бидат доволно минати и трајни, односно секогаш се сегашни…

Изложбата ќе биде поставена до 30-ти ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП