12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоларот зајакна, се очекува качување на каматите во САД

Доларот зајакна, се очекува качување на каматите во САД

dolaros

На светските валутни пазари изминатата седмица американскиот долар зајакна, бидејќи по добрите показатели од американската економија, е многу поверојатно дека американската централна банка Federal Reserve (Fed) до крајот на годинава ќе ги зголеми каматните стапки.

Доларот во текот на изминатата седмица зајакна во однос на еврото за 2,1 отсто, па курсот на европската валута се лизна на 1,0970 долари, најниското ниво од крајот на јули. Американската валута зајакна и во однос на јапонската, па нејзината цената порасна за 1,2 отсто, на 104,15 јена, исто така, највисоко ниво во последните два ипол месеца.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската валута во однос на шесте најважни светски валути од земјите најголеми трговски партнери на САД, порасна минатата седмица за 1,2 отсто, на 97,78 поени, во близина на највисокото ниво во последните седум месеци.

Јакнењето на доларот доаѓа благодарение на низата нови податоци коишто укажуваат дека американската економија солидно расте, што централната банка би може да ја наведе да ги зголеми клучните камати до крајот на годината.

Во петокот беше објавено дека прометот во трговијата на мало во САД во септември пораснал за 0,6 отсто, што е значително подобар податок отколку во август, додека растот на производните цени укажува на јакнење на инфлацијата,

Минатата седмица беше објавен и записникот од неодамнешната седница на Fed која покажува дека неколку челници на американската централна банка се залагаат за релативно скорешно зголемување на каматите, доколку продолжи јакнењето на економијата. Така, сега трговците на пазарот на парите проценуваат дека постојат 70 отсто шанси Fed да ја зголеми цената на парите во декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП