3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFitch ja подобри прогнозата за кредитниот рејтинг на Русија

Fitch ja подобри прогнозата за кредитниот рејтинг на Русија

moskva-2839

Меѓународната агенција „Fitch“ ја подобри прогнозата за кредитниот рејтинг на Русија од „негативна“ до „стабилна“. Покрај тоа го потврди кредитниот рејтинг на инвестициско ниво „BBB-“ што ја стави на исто ниво со Индија и Турција, пишува „Bloomberg“.

„На Русија и треба кохерентна и сигурна политика во одговор на драстичниот пад на цената на нафтата“, коментира „Fitch“ во соопштението. „Силата и квалитетот на политичкиот одговор треба да се издвојат, во споредба со онаа на другите производители на нафта, кои на сличен начин се засегнати од шокот на цените на нафтата“.

Најголемиот извозник на енергија во светот, исто така доби признание за подобрување на својата доверливоста, излегувајќи од најдолгата рецесија под управувањето на Владимир Путин.

Владата задржи силна контрола врз јавните финансии, додавајќи ги напорите од страна на централната банка, со идејата да ја исполни целта од инфлација од 4% во следната година, откако монетарната криза и падот на цените на нафтата покажаа сериозно влијание врз неа.

Подобрувањето на расположението влијае за добро влијание и на пазарот. Рубљата поскапе за 17% во однос на доларот во 2016-та година, а тоа е најдобро претставување на валута од пазарите во развој по бразилскиот реал.

Минатиот месец „S & P“ исто ја подобри прогнозата за кредитниот рејтинг на Русија од „негативна“ до „стабилна“. Тогаш таа прецизираше дека одлуката е поврзана со намалувањето на влијанието на надворешните ризици врз економијата на земјата, како и со прилагодувањето на Русија кон двојниот надворешен шок, кој е последица од ниските цени на нафтата и западните санкции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП