6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCitigroup забележа послаби финансиски резултати, но сепак ги надмина очекувањата

Citigroup забележа послаби финансиски резултати, но сепак ги надмина очекувањата

citibank335

Добивката и приходите на американската банка „Citigroup“ за третиот квартал забележаа пад, но сепак резултатите се подобри од очекувањата на аналитичарите.

Банката со седиште во Њујорк забележа профит од 3,84 милијарди долари, или 1,24 долари по акција, во споредба со 4,29 милијарди долари, или 1,35 долари за акција, на годишна основа. Аналитичарите, анкетирани од „Thomson Reuters“, предвидуваа профит од 1,16 долари за акција.

Приходите се намалиле до 17,76 милијарди долари од 18,69 милијарди долари пред една година, но сепак ја надмина просечната оценка на аналитичарите од 17,36 милијарди долари.

Акциите на „Citigroup“, кои поевтинија за 4,4% од почетокот на годината, поскапеа за 2,4% до 49,61 долари во утринската трговија.

Мајкл Корбат кој во недела ќе прослави четири години како извршен директор, ја предводеше „Citigroup“ во еден од турбулентните периоди, вклучувајќи во регулаторни и правни казни и западен имиџ на „примерно дете“ во текот на финансиската криза. Банката успеа да ги надмине овие проблеми и оваа година беше единствената компанија која заработи позитивна оценка при стрес тестовите на банките во САД.

Сега „Citigroup“ треба да им покаже на инвеститорите дека може да го подобри намаленото враќање кон акационерите – цел која е приоритет за Корбат и останатите извршни директори. Третиот квартал покажува дека, сепак, се уште треба да се вложат напори на овој фронт. Враќањето на банката по средниот основен капитал е 6,8% во однос на 8% пред една година.

Приходите од тргување, без сметководствена корекција, се зголемиле за 16% до 4,13 милијарди долари од 3,57 милијарди долари на годишно ниво. Спрема вториот квартал, сепак трговијата е намалена малку – со околу 3%. Во овој период банките, вклучувајќи ја „Citigroup“, добија поттик од „минибумот“ поврзан со одлуката на Велика Британија да излезе од Европската унија. Приходите на „Citigroup“ од инвестиционото банкарство исто се зголемува за 15% до 1,09 милијарди долари од 944 милиони долари на годишно ниво.

Трошоците се намалија за 2% до 10,4 милијарди долари од 10,67 милијарди долари пред една година. Цената на акциите на банката забележува пад од 6% од почетокот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП