12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстрија сепак нема да ја блокира ратификацијата на CETA

Австрија сепак нема да ја блокира ратификацијата на CETA

ceta

Австрија нема да го блокира процесот на ратификација на договорот за слободна трговија на ЕУ со Канада (CETA), откако Социјалдемократската партија одлучи да се согласи со тоа.

На состанокот на партиите беше одлучено да се даде согласност за прифаќање на CETA, но со барање за понатамошни дообјаснувања, соопшти австрискиот канцелар и лидер на SPO Кристијан Керн.

Одлуката беше тешка за социјалдемократите бидејќи Сојузот на синдикатите одби да ја даде својата согласност, бидејки, според неговиот претседател Еих Фоглар тој договор не е „зрел“ за прифаќање.

„Владата доби овластување да го прифати договорот, но тоа е условено“, порача Керн.

Така, тој укажа дека постои потреба за дообјаснување во врска со судовите за заштита на инвестициите, бидејќи статутот на трите арбитражни судови, кои ги предвидува CETA, не е доволно познат.

Сите преостанати отворени прашања мораат да бидат дообјаснети за да би можело да дојде до позитивна ратификација во парламентот, нагласи Керн.

Кога станува збор за договорот со САД (TTIP), SPO истакнува дека во моментот не може да ја даде својата согласност.

Керн нагласи дека не е поддржувач на договорот за слободна трговија од нов тип.

Керн најпрвин ја отфрли CETA за разлика од коалициониот партнер на Народната партија (OVP) која инсистираше на нејзино прифаќање. Тој дури иницираше и одржување на изнесување на мислењето на членовите на SPO преку интернет, кои со мнозинство ја отфрлија CETA како и TTIP.

Меѓутоа и покрај тоа, SPO очигледно потклекна под притисокот на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП