27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД го укинаа ограничувањето на увозот од Куба

САД го укинаа ограничувањето на увозот од Куба

Cuban cigars for sale are displayed at a hotel in Havana, Cuba October 14, 2016. REUTERS/Enrique de la Osa

Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама го укина денес ограничувањето според кое американските граѓани можеа легално да внесат во земјата кубански рум и тутун во вредност до 100 долари.

Американските власти, исто така, го укинаа и ограничувањето на движењето на товарните бродови меѓу Куба и САД, што, како што оценува АП, ќе ја олесни трговијата меѓу двете земји.

За кубанскиот рум и тутун сега ќе важат истите царински давачки како и за алкохолот и тутунот од други земји и секој американски граѓанин сега ќе може легално да внесе во земјата кубански производи вредни повеќе илјади долари, што според оценката на АП, на Кубанската држава ќе и донесе повеќе стотици милиони долари нови годишни приходи.

Производството на рум и цигари е целосно под контрола на властите во Куба, наведува американската агенција, додавајќи дека минатата година повеќе од 160.000 Американци ја посетиле Куба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП