12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВалонија го проблематизира договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и Канада

Валонија го проблематизира договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и Канада

valonija

Парламентот на франкофонскиот белгиски регион Валонија одби во петокот ѝ да даде согласност на сојузната влада да го потпише договорот за слободна трговија меѓу Европската унија и Канада – Сеопфатниот економски и трговски договор (Comprehensive Economic and Trade Agreement – CETА), а пота и германската јазична заедница во Германија ја повлече својата согласност, што го доведува во прашање најавеното потпишување од договорот кон крајот на октомври.

Договорот CETА претходно го одобри владата на Фландрија, побогатиот региона на северот од Белгија, како и сојузната влада во Брисел.

Белгија ја сочинуваат неколку федерални ентитети: трите региони Фландрија, Валонија и регионот на главниот град Брисел, како и три јазични заедници – фламанска, француска и германска. Сојузната влада за потпишување на меѓународни договори треба да ја има согласноста на сите три ентитета.

Планирано е договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и Канада следниот вторник да го прифати Советот на ЕУ на состанокот на Луксембург, а на 27-ми октомври во Брисел на самитот во Брисел ЕУ и Канада, со присуство на канадскиот премиер Џастин Трудо, е планирано потпишувањето на договорот. Овој договор делумно би стапил на сила кога ќе го одобри Европскиот парламент, што е планирано до крајот на годинава. Меѓутоа, проблемите во Белгија во врска со нега може да го нарушат тој план.

За договорот CETA во целост да стапи на сила, треба да го ратификуваат парламентите на сите земји членки на ЕУ и на Канада.

Потпишувањето на CETA, кој го нарекуваат и „мал TTIP“ (Трансантлантското трговско и инвестициско партнерство, договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и САД, за кој уште се преговара и кој наидува на голем отпор во Европа, се одложува веќе две години.

Валонците тврдат дека не сакаат ваков договор и бараат за него повторно да се преговара. Истакнуваат дека договорот, во форма во којашто е сега, би ги нарушил социјалните и еколошките норми во ЕУ. Против договорот сите валонски партии, освен либералната, либералната MR, единствена франкофона партија во сојузната влада и од чии редови произлегува белгискиот премиер Шарл Мишел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП