11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата над 52 долари со поддршка на падот на резервите...

Цените на нафтата над 52 долари со поддршка на падот на резервите на дериватите во САД

nafta-pari-mari

Цените на нафтата се зацврстија во петокот на меѓународните пазари на нивото од 52 долари поддржани од намалените резерви на дериватите во САД, а позначителниот раст го кочи континуираното обилно снабдување и покрај плановите на Организација за земјите извознички на нафтата (OPEC) да го намали производството.

На лондонскиот пазар цената барелот се зголеми за 33 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 52,36 долари. На американскиот пазар, пак, се барелот се тргуваше по 50 центи повисока цена, од 50,94 долари.

Одвоено OPEC во петокот објави дека референтната цена на барелот кошница негова нафта во четвртокот изнесуваше 48,07 долари, што значи дека паднала за 62 центи во однос на претходниот трговски ден.

Вниманието на трговците беше во петокот беше свртено податоци за резервите од деривати и бензини минатата седмица, којшто покажаа пад на залихите од дизел и масло за домаќинствата за 3,7 милиони барели. Резервите од бензини, пак, се намалиле за 1,9 милиони барели.,

Се намалиле и резервите од сирова нафта во јазолот Кушинг, и во тој контекст растот на вкупните резерви сирова нафта за 4,9 милиони барели, паднал во втор план. Како причина извори во трговските кругови го наведуваат затворањето на цевководот кој во Купинг испорачува 450 илјади барели сирова нафта дневно.

Поизразен раст на цените, сепак, изостанува поради продолженото обилно снабдување, поради коешто OPEC одлучи да го намали производството на 32,5 до 33 милиони барели дневно. Трговците, пак, и натаму се сомничави поради недостигот од информации во почетниот договор, вклучително и квотите за секоја поединечна земја и придонесот на производството надвор од OPEC, како што е руското.

Според месечниот извештај на OPEC објавен во средата, членките на картелот произведувале во септември 33,39 милини барели нафта дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП