Последниов трговски ден од оваа седмица Македонската берза го заврши со вкупен промет од 16 милиони денари реализирани преку 99 трансакции и истргувани вкупно 24.516 лотови.
Денот го одбележаа две блок трансакцијата со акциите на НЛБ Банка АД Скопје и Скопски Пазар АД. Преку овие блок трансакции вкупно беше истргувано количество од 248 акции по цена од 7.650 денари за акциите на НЛБ Банка и 336 акции по цена од 2.982 денари за Скопски пазар.
Највисоко, според дневниот промет, беше рангирана акцијата на Комерцијална Банка АД Скопје со учество од одлични 57,35 отсто или 9.254.788 денари истргувани преку 43 трансакции со вкупно количество од 3.549 акции.
Во текот на денот забележителен беше растот на вредноста на акцијата од (61 отсто) на ГД Тиквеш Кавадарци со истргувани 194 акции по просечна цена од 161 денар.
На листата на добитници по подолго време се најдоа дури четири обврвници за денационализација и тоа со следниов раст на вредноста: РМДЕН09 со раст од 3,22 отсто, РМДЕН08 со раст од 1,25 отсто, РМДЕН12 со раст од 0,55 отсто и РМДЕН15 со раст од 0,02 отсто.
Индексот МБИ-10 денот го заврши со незначителна промена, пад од 0,29 отсто, додека пак индексот ОМБ имаше раст од 0,51 отсто.