1 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХоландски „Инофрут“ ќе инвестира во Македонија

Холандски „Инофрут“ ќе инвестира во Македонија

innofrui33444

Холандската компанија „Innofruit“ одлучила да инвестира во Македонија, каде освен обработка на земјоделско земјиште и производство ќе се занимава со откуп и извоз на земјоделски производи, објави, во петок, на својата фејсбук страна, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Новата инвестиција е во земјоделскиот сектор за нови вработувања и изградба на откупно дистрибутен центар за земјоделски производи во јужниот дел на државата. Ќе се вработат 130 луѓе, од кои поголемиот дел ќе бидат постојано ангажирани, а дел времено.

Инвестицијата ќе се протега на 250 хектари државно земјиште и е од исклучително значење за јужниот дел на Македонија, општините Дојран и Богданци.

„Компанијата, преку јавна електронска аукција, го откупи имотот на некогашниот комбинат Агро Лозар од Богданци со што уште еден пропаднат капацитет ќе биде ставен во функција. Се работи за инвестиција на компанија со искуство во земјодеслкото производство како и во откуп и дистрибуција на земјоделски производи. Компанијата е дел од Olympic food group која поседува најсовремен логистички центар за испорака на овошје и зеленчук за пазарите во Европа и Азија“, пишува Груевски.

Потенцира дека нивниот план е многу брзо да започнат со подигање на насади со најсовремени високорпиносни сорти на цреши и трпезно грозје, како и изградба на современ дистрибутивен центар за откуп на земјоделски производи во Дојран кои ќе се извезуваат надвор од државата./

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП