18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочна изградбата на втората фаза на фекалната канализација во Трубарево

Започна изградбата на втората фаза на фекалната канализација во Трубарево

kanal-trubarevo33

Започнаа градежните работи на новата фекална канализација во населеното место Трубарево – втора фаза, во должина од четири километри и со две препумпни станици.

„Градот Скопје оваа година издвојува 25 милиони денари како помош за општината Гази Баба за изградба на фекална мрежа за Јурумлери, Скопско поле, Трубарево и Црешево. И следната година ќе продолжиме да и помагаме на Општина Гази Баба да ги реши долгогодишните проблеми на граѓаните со недостигот на фекална канализација“, рече градоначалникот Коце Трајановски.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски појасни дека во оваа втора фаза ќе се изградат 4 километри примарна фекална мрежа со 2 препумпни станици, за што исто така ќе се вложат 22 милиона денари. Во таа сума градот Скопје учествува со 12 милиони денари, а Општина Гази Баба со 10 милиони денари.

„Очекувам граѓаните набрзо да почнат да се приклучуваат кон новиот систем“, рече Трајковски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП