12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНишто не е случајно: Брегзит па договор со Кина

Ништо не е случајно: Брегзит па договор со Кина

%d0%ba%d0%b8%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d1%80%d0%b8%d1%82%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b0

Владата на Велика Британија и Кина договорија зголемување на бројот на летови меѓу двете земји од 80 на 200 неделно, изјави портпаролот на британската премиерка Тереза Меј.

Официјаните лица на двете влади, исто така, договорија и укинување на ограничувањата на бројот на карго летови меѓу Британија и Кина, пренесува агенцијата Ројтерс.

„Силните врски со пазарите во развој како Кина се од клучно значење за нас доколку сакаме да продолжиме да се натпреваруваме на глобалната економска сцена“, се наведува во соопштението на државниот секретар во британското министерство за сообраќај Крис Грејлинг.

„Зголемувањето на бројот на летови меѓу двете земји ќе создаде големи можности за нашите компании, помагајќи да се зголеми трговијата, отворањето на нови работни места и да се зголеми растот на нашата економија“, се додава во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП