5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбучени над 300 државни службеници

Обучени над 300 државни службеници

sluzbenici

Денес одбележуваме обединување на напорите на Владата на Република Македонија и Владата на Кралството Норвешка во една цел: поддршка на реформите што водат кон членство во Европската Унија и НАТО,“ рече вицепремиерот Арбр Адеми на денешното свечено затворање на проектот „Одржлив систем за ЕУ обуки“.

Во своето обраќање кон присутните, вицепремиерот Адеми ја истакна досегашната 12- годишна билатерална соработка меѓу Македонија и Норвешка, која опфаќа поддршка за подобро функционирање на институциите, ефикасен пазар на енергија, интегрирано општество преку интегрирано образование, и многу други области и најави дека соработката ќе продолжи и понатаму преку нови проекти.

„Еден од нив би бил и креирање на Платформа за следење, соработка и поддршка што ќе ги обедини клучните институции опфатени со Итните реформски приоритети, под водство на СЕП“, подвлече Адеми.

Проектот „Одржлив систем за ЕУ обуки“ обезбеди специјализирани обуки за повеќе од 300 државни службеници од над 30 институции, кои се членови на работните групи за спроведување на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ, кои беа реализирани во Скопје и Брисел, а денес им беа доделени сертификати на најуспешните 180 кандидати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП