7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоговорена листата на заеднички проекти во делот на регионалната енергетска инфраструктура

Договорена листата на заеднички проекти во делот на регионалната енергетска инфраструктура

regionalna-infa3

Советот на министри, како највисок орган на Енергетската заедница, на денешниот 14-ти состанок ја изгласа Листата на заеднички проекти во делот на енергетската инфраструктура, како и европските директиви (ACQUIS) во делот на животната средина.

Министрите од земјите потписнички на Договорот, меѓу кои и министерот за економија Дритон Кучи, дискутираа за реформирање на Договорот за основање на Енергетската заедница и се согласија за почеток на преговорите за измени и дополнувања на споменатиот Договор, процес кој треба да заврши до наредниот министерски состанок, чиј домаќин во 2017 година ќе биде Приштина.

На денешниот состанок на Советот беше дискутирано и за регионалните иницијативи, кои претставуваат одговор на енергетските барања на договорните страни, а Грузија пристапи кон Договорот за основање на ЕЗ, како најнов член, додека Белорусија, по нејзино барање, доби статус на држава-набљудувач кон Договорот.

На денешниот состанок, Република Босна и Херцеговина, како актуелен претседавач со Енергетската заедница го предаде претседавањето за 2017 година на Република Косово, која накусо информираше за приоритетите кои ќе го одбележат идното претседателство со Енергетската заедница.

На состанокот на министрите беше присутен и Доминик Ристори, генерален директор за енергетика на Европската Унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП