30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндексот на цените во земјоделството во септември во однос на лани кај...

Индексот на цените во земјоделството во септември во однос на лани кај инпутот зголемен за 1.0%, а кај аутпутот намален за 2.8%

zemjodelstvo12

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во септември 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот e зголемен за 1.0%, а кај аутпутот е намален за 2.8%.

Во септември 2016 година, во споредба со септември 2015 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 101.1, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99.4.

Во делот аутпут, во септември 2016 година, во споредба со септември 2015 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 97.9 а индексот на цените на добиточното производство изнесува 95.7.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП