15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроект за зголемување на националната мрежа на заштитени подрачја

Проект за зголемување на националната мрежа на заштитени подрачја

%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b5%d0%ba%d1%82

Министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети, во петок го отвори почетниот состанок на проектот “Постигнувањето на заштита на биолошката разновидност преку создавање и ефикасно управување со заштитени подрачја и интегрирање на биолошката разновидност во планирање на користење на земјиштето”.

Со реализација на овој проект се очекува во текот на четири години да се зголеми националната мрежа на заштитени подрачја во државата, да се подобрат ефективноста на управување, капацитетите и условите за зачувување на биолошката разновидност и заштита на загрозените видови и живеалишта, потоа да се овозможи интегрирање на заштитата на биолошката разновидност во планирањето на користењето на земјиштето, како и да се спроведат повеќе пилот-проекти.

„Во рамки на оваа компонента ќе се изработи и Студија за валоризација на природните вредности, конкретно за Шар Планина, заради посебните хабитати (живеалишта) и високиот степен на биолошка разновидност. Преку дискусии со релевантните засегнати страни и локалните заедници, преку работилници и јавни расправи, ќе биде идентификувана целната област за заштита. Исто така, ќе биде обезбедена поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање во официјалниот процес на прогласување на Шар Планина за заштитеното подрачје“, рече Амети.

Во рамки на проектот најавена е изработка на План за управување со заштитеното подрачје, како и спроведување на обуки за најдобри практики на управување со истото. Од друга страна, со изработката на Индекс за Црвена Листа за Македонија за сите таксономски групи врз основа на IUCN критериуми ќе се овозможи приоретизирање на загрозените видови во државата.

Проектот е финансиран од Глобалниот фонд за животна средина, а го спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање преку Програмата на ОН за животна средина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП