17 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на индексите на прометот во индустријата

Раст на индексите на прометот во индустријата

industrija-3405

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во август 2016 година, во однос на август 2015 година, изнесува 114.1.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во август 2016, во однос на август 2015 година, бележи пораст од 8.4%, а прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 15.8%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во август 2016 година, во однос на август 2015 година, бележи пораст од 8.3%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 14.3%.

Според главните индустриски групи, прометот во август 2016 година, во однос на август 2015 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13.0%, Капитални производи за 16.2%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 6.2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 13.0%.

Индексот на прометот во индустријата во август 2016 година, во однос на јули 2016 година, изнесува 95.3, додека во периодот јануари-август 2016 година, во однос на периодот јануари-август 2015 година, изнесува 110.8.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП