18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтруктурни деловни статистики за 2015-та година

Структурни деловни статистики за 2015-та година

statistika333

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во 2015 година, во рамките на структурните деловни статистики се анализирани 54.431 деловен субјект со 368.067 вработени лица, во кои е остварен вкупен промет од 1.064.967 милиони денари и e создадена додадена вредност од 227.704 милиони денари.

Во однос на претходната година, прометот е зголемен за 5.2%, а додадената вредност за 6.8%. Во просек, новосоздадената вредност по вработен во 2015 година изнесува 618 илјади денари, додека најголема додадена вредност по вработен е создадена во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (2027 илјади денари).

Најголем број од претпријатијата припаѓаат на секторот Трговија на големо и на мало (41.8%), со 25.5% од вкупниот број на вработени и реализирани 42.4% од вкупниот промет. Како втор по значење, секторот Преработувачка индустрија учествува сo 13.5% од претпријатијата, 30.3% од вработените и 26.1% од вкупниот промет.

Во вкупната додадена вредност, пресметана според факторот на трошок, најголемо учество имаат претпријатијата од секторот Преработувачка индустрија (25.9%) и секторот Трговија на големо и на мало (23.5%).

Во однос на големината, во 2015 година преовладуваат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени (90.5%). Со ангажирани 32.5% од вкупно вработените, тие имаат создадено 22.0% од вкупната додадена вредност. Од друга страна, во големите претпријатија (0.3%) се ангажирани 25.8% од вкупниот број на вработени, со остварени 35.3% од вкупната додадена вредност во рамките на деловниот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП