12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросветни инспектори ќе се обучуваат за инклузивно образование

Просветни инспектори ќе се обучуваат за инклузивно образование

prvace

Во текот на следните два дена, 25 инспектори од Државниот просветен инспекторат (ДПИ) ќе учествуваат на обуката за инклузивно образование.

Работилницата се надоврзува на тековните напори да се прошири мрежата на училишта во кои деца со попреченост и посебни образовни потреби ќе учат рамо до рамо со своите врсници.

Во моментов, 210 деца со попреченост и 550 деца со тешкотии во учењето, учат во 20 редовни училишта кои учествуваат во Програмата за инклузивно образование.

Преку искуствата и практиките на овие модел училишта, обука ќе им помогне на инспекторите да се здобијат со дополнително знаење и разбирање за напорот на училишните раководства за прифаќање на деца со попреченост и пречки во развојот.

Ова е прва од трите работилници за инклузивно образование кои ќе се одржат во текот на следните три месеци. Во нив ќе ќе бидат опфатени следните теми: училишни активности кои го промовираат почитувањето на различностите; вештини кои ги поддржуваат децата со посебни образовни потреби; услови создадени од страна на раководството на училиштето за креирање инклузивна средина и надлежности и способности на наставниците за поддршка на инклузијата.

На секои три години, Државниот просветен инспекторат врши сеопфатна надворешна евалуација на основните и средните училишта. Обуката ќе им помогне на инспекторите да обезбедат поддршка на училишните раководства, со што повеќе училишта во земјата ќе бидат добро подготвени да станат инклузивни училишта.

Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) во соработка со Државниот просветен инспекторат ја спроведува обуката во рамките на двегодишниот план за соработка меѓу УНИЦЕФ и Министерството за образование и наука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП