17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо август зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи

Во август зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи

industriski-proizvodi22

Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 0.8% на месечно ниво, а се пониски за 1.4% на годишно ниво.

Во август 2016, во споредба со јули 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 3.2%, во секторот Преработувачка индустрија за 0.6% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.1%.

Во август 2016, во споредба со август 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 0.5%, во секторот Преработувачка индустрија за 1.8%, a во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 1.4%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 1.6% на месечно ниво, а се пониски за 3.4% на годишно ниво.

Во август 2016, во споредба со јули 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 5.4%, а во секторот Преработувачка индустрија за 1.2%.

Во август 2016, во споредба со август 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 5.2%, а во секторот Преработувачка индустрија за 3.2%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП