2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТокио го замрзнува финансирањето на УНЕСКО

Токио го замрзнува финансирањето на УНЕСКО

uneskoto-335

Владата на Јапонија денеска изјави дека го замрзнува финансирањето на УНЕСКО во знак на протест против одлуката на организацијата да вклучи документи за масакрот во кинескиот град Нанџинг во 1937-ма година во Листата на светското наследство.

Одлуката да се замрзне јапонската рата во буџетот на организацијата е донесена по комплексна оценка на различни фактори, изјави на прес-конференција во Токио министерот за надворешни работи Фумио Кишида.

Уште во октомври минатата година Јапонија најави дека може да го прекине финансирањето на УНЕСКО. Тоа би било тежок удар за организацијата, бидејќи Токио обезбедува 10,8 отсто од нејзиниот буџет, забележуваат агенциите.

Минатата година по предлог на Кина во листата на програмата за заштита на светското документарано наследство беа вклучени архивски материјали за расправија на јапонската армија во 1937-ма година по освојувањето на Нанџинг, кој тогаш е кинеска престолнина. Тогаш јапонското Министерство за надворешни работи изјави дека документите презентирани од Кина ја изопачуваат историјата и се еднострани.

Токио го признава фактот за масовните репресии во Нанџинг, но инсистира на тоа дека за бројот на жртвите нема потврдени податоци и по прашањето има различни мислења и затоа е во ред да се признаваат само документи, рефлектирајќи ја позицијата на Пекинг.

Токио предупреди дека ќе инсистира за реформа на УНЕСКО и за промени на системот за регистрирање на листата на светското наследство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП