26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛоши вести: Се топи заработката, се опаѓа

Лоши вести: Се топи заработката, се опаѓа

107711799157fdf715714f8255453175_w640

Кинескиот извоз во септември опадна, бидејќи анемичната глобална побарувачка и нанесе уште еден удар на втората најголема светска економија.

Истовремено, слабиот увоз ја подгрева загриженоста во поглед на состојбата на домашната побарувачка.

Извозот на Кина во септември опадна за 10 проценти на годишно ниво, на 184,5 милијарди долари, додека увозот е намален за 1,9 проценти, на 142,5 милијарди долари, според податоците на кинеската Царинска служба, пренесува агенцијата Франс прес.

„Очигледно е дека постојат препреки со кои е соочена кинеската надворешна трговија. Светскиот економски раст останува слаб и на глобалната трговија и недостасува ефикасна поддршка“, изјави портпаролот на Царинската служба, Хуанг Сонгпинг во Пекинг.

Најновите податоци се под очекуваата на аналитичарите кои ги анкетираше њујоршката агенција Блумберг, а кои предвидуваа пад на извозот од 3,3 проценти и раст на увозот од 0,6 проценти.

Трговскиот суфицит на Кина во септември е намален на 42 милијарди долари, што е за околу 10 милијарди долари помалку во однос на претходниот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП