1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПахор: Во случај на промени во ЕУ, искуството со толарот би дошло...

Пахор: Во случај на промени во ЕУ, искуството со толарот би дошло добро

borut-pahor

Пред точно 25 години Словенија, во истата година кога излезе од поранешна СФРЈ, ја воведе сопствената валута толар, а според словенечкиот претседател Борут Пахор, искуството коешто земјата го стекнала тогаш би можела да го искористи и во некоја поинаква, нова ситуација, пренесуваат словенечките медиуми.

„Доколку некогаш, а против нашата волја, би се случило да треба повторно да ја воведеме сопствената валута, нашето искуство со воведувањето на толарот би било од непроценлива вредност“, изјавил Пахор на прославата на Словенечката централна банка по повод одбележувањето на 25-годишнината од воведувањето на толарот.

Словенија во 2007-та година толарот го замени со заедничката европска валута евра, и беше првата земја меѓу тогашните нови членки на ЕУ која го направи тоа. Пахор е силен заговорник на теоријата дека во секоја ситуација или промена во Унијата, Словенија мора да остане во „цврстото јадро“ на интеграцијата која ја предводат Германија и Франција, и ја застапува идејата за препуштање на најголем дел од суверенитетот на идната федерална Европа.

Сепак, Пахор смета дека во случај на распаѓање на еврозоната Словенија би требало да воведе сопствена валута, а не т.н. „слабо евро“, кое се споменува како алтернативна валута доколку еврозоната би се распаднала на северна и јужна, односно медитеранскиот дел во кој би биле Италија, Шпанија, Грција и останатите „лоши“ европски економии.

За разлика од ситуацијата кога Словенија во 1991-та година монетарно се оддели од Југославија во фазата на распаѓање, словенечката централна банка денес располага со значајни девизни резерви, но и надворешен долг на државата кој изнесува повеќе од 30 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП