21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКучи на состанок на Советот на министри при Енергетската заедница

Кучи на состанок на Советот на министри при Енергетската заедница

driton-kuci

Министерот за економија Дритон Кучи ќе учествува на 14. Состанок на Советот на министри при Енергетската заедница, кој ќе се одрживо петок, во Сараево, Босна и Херцеговина.

На состанокот ќе се дискутира за повеќе прашања, меѓу кои: проектите од заеднички интерес, имплементација на Договорот за основање на Енергетската заедница, имплементација на директивите за животна средина, регионалните иницијативи, пристапување на Грузија кон Договорот за основање на Енергетската заедница и др.

Советот на министри е највисок орган на Енергетската заедница и го сочинуваат министрите надлежни за енергетика на договорните страни и двајца претставници на Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП