26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОСТЕН добитник на светска награда за посветеност на квалитет

ОСТЕН добитник на светска награда за посветеност на квалитет

%d0%bf%d0%b0%d1%80%d0%b8%d0%b7

ОСТЕН е добитник на интернационалната награда БИД (BID – Business Initiatives Directions) за посветеност и квалитет (World Quality Commitment Award), која се доделува на компании/организации од сите области на бизнис и општествено делување, а кои се посветени на спроведување на културата на квалитет, иновативност и извонредност при реализација на своите активности.

Наградата ќе му биде врачена на ОСТЕН од страна на претседателот на БИД, г. Хозе Е. Прието, на 16 октомври 2016 (недела) во хотел Хајат Регенси Париз, Франција.

Оваа награда, ОСТЕН ја добива за својата иновативна и уникатна перспектива за една значајна уметничка форма – цртежот, за својата импресивна и промислена колекција на цртежи, за сите иницијативи кои помагаат подобро да се разберат и повеќе да се ценат уметниците во целиот свет и за воспоставување на глобално препознатлив глас на уметничкиот свет од Скопје, Македонија. Наградата за квалитет на БИД е меѓу најпрестижните признанија за извонредност на една организација во светот.

Кандидатите се номинираат по предлог на лидерите од претходно наградените компании, а потоа интернационалниот комитет за селекција на Наградата за квалитет на БИД ги избира компаниите/организациите кои наградите ги добиваат во Њујорк, Париз, Женева, Франкфурт, Мадрид или Лондон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП