2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Кина повторно има повеќе милијардери отколку во САД

Во Кина повторно има повеќе милијардери отколку во САД

vanda3

Годишната листа на најбогатите Кинези повторно покажа дека во земјата има повеќе доларски милијардери отколку во САД, пишува „ВВС“.

Имотниот магнат Ванг Џиенлинг од „Dalian Wanda“ ја предводи листата на 594 милијардери во земјата во однос на 535 во САД. Џек Ма од „Alibaba“ останува на второто место, иако неговото богатство се зголемило за 41% во однос на минатата година.

Годишната листа се составува од шангајското издание „Hurun Report“ и често е споредувана со листата на „Forbes“ во САД. Ранг-листата е една од најпознатите која внимателно ги следи и дава прецизни проценки на богатството во Кина. Годишниот извештај се објавува во последните 18 години.

Претходно оваа година списанието ја објави глобалната рејтинг листа, според која бројот на милијардери во Кина е поголем од оној во САД за прв пат. Сепак никој од најбогатите луѓе во Кина не спаѓа во глобалните Топ 20.

Личното богатство на Ванг Џиенлинг е 32.1 милијарди долари. Неговата компанија „Dalian Wanda“ постојано е на првите страници на весниците низ годините преку големиот број на договори на американскиот филмски пазар. Таа ја купи „Legendary Pictures“, доби удели во американски и британски кино синџири и постигна партнерство со „Sony Pictures“.

Џек Ма од „Alibaba“ е на второ место со 30,6 милијарди долари, а Пони Ма од гигантот за онлајн коцкање „Tencent“ е на третото место со 24,6 милијарди долари. Јао Џунгуа од инвестициската компанија во областа на недвижностите „Baoneng Group“ е со најмногу зголемен статус – со 820%, до 17,2 милијарди долари, што го става на четвртото место на листата. Повеќето кинески милијардери живеат во Пекинг, следен од Шенжен, Шангај и Хангжу.

Во рангирањето на „Forbes“ на првото место на најбогатите луѓе во светот се наоѓа основачот на „Microsoft“, Бил Гејтс со 75 милијарди долари, следен од Амансио Ортега од „Zara“ и легендарниот инвеститор Ворен Бафет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП