28 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДали сте на вистинското работно место?

Дали сте на вистинското работно место?

home-working-with-the-best-mono

Понекогаш не е лесно да знаеме дали навистина сме на вистинското работно место, па затоа Inc.com состави листа која ќе ни помогне во таа дилема.

Ако не се пронајдете во овие 10 работи, веројатно е време да побарате нова работа.

1. Се будите со ентузијазам

Ако ја сакате својата работа, наутро ќе бидете полни со енергија и со ентузијазам ќе го започнете новиот ден.

2. Им се радувате на предизвиците

Се што носи денот го прифаќате и со задоволство се впуштате во нови задачи – големи и мали.

3. Зрачите од среќа

Постојат луѓе кои штом влезат во канцеларијата зрачат со позитивна енергија со цел да ги поттикнат колегите. Дали и вие сте такви?

4. Времето ви лета

Ако имате впечаток дека времето брзо ви поминува, и за разлика од другите не гледате постојано во часовникот, вие сте на вистинското работно место.

5. Уживате во времето поминато на работа

Семејството и пријателите не ве разбираат, но вие едноставно сакате да бидете во канцеларијата. Најдобро се чувствувате кога работите…

6. Нетрпеливо ги очекувате новите проекти

Не се натпреварувате со другите, туку едноставно им се радувате на проектите кои се пред вас.

7. Вие сте оптимисти

Ако роковите се се поблиску, а нервозата на вашите колеги се поголема, вие сте личноста која ги мотивира и расположува за се да се постигне навремено.

8. Целите на компанијата ги гледате како лични

Добар знак е ако со постигнувањата на одредени цели на работа вие се чувствувате добро. Тоа ќе ве исполни и на приватен план.

9. Секогаш сте им на услуга на вашите колеги

Додека некои колеги тоа го сметаат за конкуренција, вие навистина сакате да им помгнете на сите.

10. Позитивата ви се шири и во приватниот живот

Луѓето кои ја сакаат својата работа имаат исполнет живот и надвор од работа. Без оглед каде се наоѓаат, нивната позитива како магнет ги привлекува другите луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП