1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПорасна индустриското производство во еврозоната

Порасна индустриското производство во еврозоната

140694723457ff5af1dfa27136285692_w640

Индустриското производство во 19-члената еврозона во август порасна за 1,6 проценти во однос на претходниот месец, главно благодарение на силното закрепнување во Германија.

Со тоа е повеќе од неутрализиран падот на индустриското производство од 0,7 проценти од јули и надминати се очекувањата на аналитичарите кои предвидуваа раст на августовското производство од 1,5 проценти, покажаа објавените податоци на европската служба за статистика Еуростат, пренесува агенцијата АП.

Најновата стапка на раст на индустриското производство, највисока од јануари, е добра вест за еврозоната која оваа година се бореше да земе замав и веројатно ќе даде позитивен поттик за економскиот раст во третиот квартал, оценува американската агенција.

Бидејќи овој сектор учествува со речиси четвртина во БДП-то на еврозоната, неговиот позитивен придонес би можел да биде значителен, наведува АП.

На годишно ниво, индустриското производство во август порасна за 1,8 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП