1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКрај: Русите ја пресекоа врската со Украина стара 20 години

Крај: Русите ја пресекоа врската со Украина стара 20 години

193666100557ff46a3a39ce266057525_w640

Москва го раскина договорот со Киев за употреба на гасоводот, објавија на сајтот на руската Влада.

Во декретот, кој е објавен на сајтот на Владата, се наведува дека Русија го поништила договорот по 20 години соработка со Украина за употреба на гасоводот.

Договорот потпишан на 26. јули 1995 година предвидува пренос на нафта низ два гасоводи во Русија и Украина со кои раководи „Транснефтпродукт“ во состав на акционерското друштво „Транснефт“.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев со декрет го раскина договорот на владата на Русија и Украина за соработката во раководењето на нафтоводите, јавува Тасс.

На руското Министерство за надворешни работи му е наложено да ја извести украинската страна за одлуката на Москва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП