4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ вети олабавување на штедењето

ЕУ вети олабавување на штедењето

pig1

Еврозоната ќе го забави буџетското штедење со цел да го оживее економскиот раст, изјави комесарот на Европската унија Оли Рен, најавувајќи промени во политиката кои САД одамна ги бара.

„Тропате на отворена врата“, нагласи вчера во разговорот за Ројтерс, европскиот комесар за економски и монетарни прашања Оли Рен.

Темпото на фискалното штедење во земјите ширум светот е главна тема на вчерашните и денешните разговори на министрите за финансии и гувернерот на централната банка од групата Г-20.

Учесниците во разговорот, меѓу другото, ќе разговараат и за тоа дали треба да се утврдат конкретни бројки за целното намалување на буџетскиот дефицит и долговите во периодот по 2016 година. Се чини дека шансите да се донесе план за координирано намалување на долгот се прилично слаби.

Европскиот комесар потсети дека еврозоната немала друг избор освен острото намалување на задолжувањето и потрошувачката, бидејќи некои од нејзините членки во 2010 година, не успеваа да добијат кредити по одржливи каматни стапки.

Вкупниот буџетски дефицит на еврозоната во 2012 година се намали на 3,5 проценти од бруто домашниот производ (БДП), од претходните 4,2 проценти во 2011 година.

Оваа година е планирано буџетскиот дефицит да се намали на 2,8 проценти, што значи дека буџетскиот дефицит на еврозоната ќе се намали двојно во однос на 6,3 проценти и 6,2 проценти од БДП во 2009, односно 2010 година.

„Во раните фази на кризата беше неопходно да се обнови кредибилитетот на фискалната политика во Европа, која од пазарната сила беше доведена во прашање. Немаше друг избор. Ги превземавме мерките кои беа неопходни“, изјави Рен.

„Бидејќи го обновивме кредибилитетот на краток рок, сега можеме посмирено да ја спроведуваме фискалната консолидација на среден рок“, истакна тој, додавајќи дека во моментот САД поагресивно го намалува буџетскиот дефицит отколку Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП