1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлаг раст на индексите на Волстрит, пад на цените на акциите на...

Благ раст на индексите на Волстрит, пад на цените на акциите на европските берзи

wall-stret3

Берзанските индекси на Волстрит во среда благо пораснаа по остриот пад во вторник, а инвеститорите се внимателни заради слабиот почеток на сезоната на деловните извештаи и можното зголемување на каматите на Федералните резерви (Фед) до крајот на годината.

Dow Jones зајакна 0,09 отсто на 18.144 бодови, додека S&P 500 порасна 0,11 отсто на 2.139 бодови. Nasdaq индексот ослабе 0,15 отсто, на 5.239 поени.

Според записникот од последната седница на Фед, објавен во среда, неколку функционери сметаат дека клучните камати треба релативно скоро да бидат зголемени ако продолжи растот на економијата.

Инвеститорите се внимателни и заради слабиот почеток на сезоната на објавување на кварталните деловни резултати на компанијата, бидејќи ден претходно најголемиот американски производител на алуминиум Alcoa објави податоци за помала заработка и приходи од она што се очекуваше.

Инвеститорите се надеваат дека претстојната сезона на деловни извештаи на компаниите ќе донесе раст на заработувачката, по четири квартален пад, што би ги оправдало високите цени на акциите.

Во осум од 11 главни сектори на S&P 500 индексот цените на акциите во среда пораснале, а најмногу во секторот на недвижнини, 1,3 отсто.

Енергетскиот сектор беше меѓу најголемите губитници, со пад од 0,55 отсто, бидејќи цените на нафтата се лизна откако беше објавено дека производството на членките на Организацијата на земји извознички на нафта(ОПЕК) во септември го достигнале највисокото ниво во осум години.

На американските берзи сопствениците во среда ги замениле 5,6 милијарди акции, додека просечниот дневен обем во последните 20 дена изнесувал 6,7 милијарди акции.

Цените на акциите на европските берзи во среда падна. Лондонски FTSE индексот ослабе 0,66 отсто, на 7.024 бодови, додека франкфуртски DAX се лизна 0,51 отсто, на 10.523 бодови, а париски CAC 0,44 отсто, на 4.452 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП