6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСоработка за рано откривање и интервенција на попреченост кај децата

Соработка за рано откривање и интервенција на попреченост кај децата

uniuni

УНИЦЕФ започна со соработка со Здружението на лекари по општа медицина и семејна медицина за да се зајакнат капацитетите на лекарите по општа медицина и специјалистите по семејна медицина за рано откривање и интервенција на попреченост кај децата.

Во текот на соработката УНИЦЕФ ќе обезбеди поддршка за изготвување едукативен материјал и спроведување обука на лекари по општа медицина и специјалисти по семејна медицина кои во текот на наредните две години ќе го пренесат знаењето на своите колеги во примарната здравствена заштита.

Раното откривање тешкотии во развојот кај децата е клучно за да се обезбеди навремено дијагностицирање и децата да добијат навремена поддршка со што ќе се намалат долгорочните последици врз нивниот развој. Примарната здравствена заштита претставува почетна точка за откривање знаци на попреченост кај децата, а лекарите по општа медицина и специјалистите по семејна медицина се во најдобра позиција да обезбедат пристап на децата со попреченост до соодветни услуги.

Со соработката со Здружението на лекари по општа медицина и семејна медицина продолжува посветеноста на УНИЦЕФ на обезбедување образование, здравствена грижа и социјална поддршка на децата со попреченост особено во првите години од животот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП