1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа најмладата милијардерка и се заканува затвор

На најмладата милијардерка и се заканува затвор

ter

Американскиот хеџ фонд “Partner Fund Management”, кој исто така беше нивниот прв инвеститор ја тужеа компанијата “Теранос” и нејзината директорка Елизабет Холмс.

Фондот ја обвинува Холмс дека прикажувала лажни резултати на тестовите и на тој начин ги загрозила животите на пациентите, но исто така ги оштетила и инвеститорите.

PFM вложи 100 милиони долари во овој старт-ап, а ова е само прва во низата тужби што се очекуваат.

Адвокатите на “Теранос” сега се припремаат за одбрана, но доколку оптужбите се покажат како основани, најмладата милијардерка во светот би можела да се најде позади решетки, пренесуваат светските медиуми.

“Теранос”, кој требаше да воведе револуција во индустријата на крвни анализи, објави дека ги поништува сите анализи направени на нивниот уред “Едисон” во 2014 и 2015 година.

Тогашните регулатори и забранија на компанијата и Елизабет Холмс да работи две години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП