1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФЕД најавува голема одлука: Релативно наскоро

ФЕД најавува голема одлука: Релативно наскоро

29994001657ff35121a3c6970228529_w640

Официјалните претставници на американската централна банка ФЕД на минатомесечниот состанок одлучија да не ја менуваат референтната каматна стапка, со назнака дека таа наскоро би можела да биде подигната.

Белешките од состанокот на 20. и 21. септември покажуваат дека претставниците на Федералните резерви се приближиле до зголемувањето на референтната камататна стапка прв пат од декември минатата година.

Зголемувањето на каматите е одложено на септемврискиот состанок бидејќи инфлацијата и понатаму е под целното ниво од нешто под два проценти и нема многу назнаки дека постои притисок за зголемување на платите.

Белешките од состанокот покажуваат дека претставниците на ФЕД веруваат дека е прикладно каматите да се подигнат „релативно наскоро“, ако продолжи подобрувањето на ситуацијата на пазарот на труд.

Повеќето економисти не очекуваат ФЕД ниту на следниот состанок во ноември да ги подигне референтните каматни стапки, но дека умереното подигнување се очекува во месец декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП